Категории

Уште една бременост во семејството: Клои Кардашијан го очекува своето прво дете

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето прво дете, а моментално во кланот Кардашијан ова е трета бременост. 

Ким очекува ќерка од сурогат мајка, а деновие исплови на површина веста дека најмладата, 20 годишната, Кајли е исто така бремена.

33 годишната реалити ѕвезда и бизнисменка, Клои, е во врска со 26 годишниот кошаркар веќе една година. Тој веќе има едно дете со поранешната девојка Џордан Крег, а се очекува Клои да се породи во ист период како и нејзината помала сестра Кајли, во февруари.

Во семејството има веќе многу деца, Кортни има три, а Ким го очекува третото дете во јануари, но заради здравствени проблеми не е во можност да го носи бебето, па се одлучиле за сурогат мајчинство.

Единсвена без дете или најава дека во брзо време ќе има принова е топ моделот Кендал, да не го заборавиме и нивниот брат Роб кој ја има 10 месечната ќерка со Блек Чајна.

Клои долго време се справуваше со проблеми со нејзиното здравје и имаше потешкотии со плодноста, а сега конечно ја победи битката и среќниот пар ќе добие дете.

Прегледи:
506
Објавено на:
27.09.2017