Категории

Вака изгледа појадокот на Владимир Путин: Калоричен оброк за успешен ден!

За Владимир Путин честопати се вели дека е ноќна птица, поради многубројните обврски и различните временски зони во Русија приморан е да работи и доцна во ноќта. Затоа, неговиот прв оброк е дури напладне.

Појадокот на првиот човек на Русија изгледа вака: омлет и чинија овесна каша со неколку парчиња сирење.

Со појадокот Путин најчесто пие и домашен витамински сок. По појадокот тој го пие утринското кафе, а потоа оди на тренинг кој најчесто се состои од пливање и дигање тегови.

Првите утрински вести ги гледа во теретана, а политичките идеи ги добива токму во базенот во текот на пливањето. Кога ќе заврши со појадокот и тренингот, Владимир Путин е подготвен да започне со политика.