Категории

Вака се облекуваат несигурните жени

Начинот на облекување кај една жена може многу да зборува за тоа дали е несигурна во себе

Ниедна ена не сака искрено да признае за својата несигурност. Но сите жени, без исклучоци, имале такви моменти во животот кога се чувствувале несигурно. Зошто? Или биле незадоволни од својот изглед, или некои други причинители во животот направиле да се чувствуваат на тој начин, тоа може да е неодамнешната разделба со партнерот.

Несигурните жени сакаат да привлечат внимание врз себеси и на тој начин тоа ќе ги исполни со лажна самодоверба.
На надворешниот свет на тој начин тие ќе му изгледаат како да се чувствуваат пријатно во своја кожа кога всушност тоа не е така. Научниците тоа го нарекуваат лажна самодоверба и велат дека голем дел од жените ја прикриваат со својата облека.

Тие исто така истакнуваат дека несигурните жени се почетсто преферираат доста впечатлива шминка и остро контурирање на лицето што сосема го изобличува нивниот природен изглед.