Убавата шпанска кралица оправдано ја носи титулата за една од најдобро облечените дами на денешницата.
Без својот сопруг кралот Фелипе VI, кој се наоѓа во превентивна самоизолација поради контакт со лице заразено од коронавирус, неговата сопруга, кралицата Летисија ја посети Валенсија и повторно воодушеви со изборот на стајлинг.
Секогаш беспрекорно облечена, Летисија овој пат беше во центарот на вниманието во креација која ја потпишува една од нејзините омилени дизајнерски, Carolina Herrera, венецуелската дизајнерка.
Еленгантниот фустан без ракави во светловиолетова боја, со ефектен каиш кој го носеше и порано во други прилики, е безвременско парче кое изгледа тренди. Овој шик стајлинг кралицата додатно го заокружи со капут во ист тон и високи потпетици.