Категории

Верувај дека те очекува среќна иднина, и таа таква и ќе биде!

Секое утро велам: Оставам уште една битка зад себе. А таа битка се вика вчерашни грижи, сомнежи, стравови. Сè останува за вчера. Многу се оптоварував со нив, но денеска нема да ги понесам со себе. Не ми требаат товари за кои сфатив дека немаат смисла. И ги префрлам одново и одново од ден на ден. Зошто? Како да ќе земам нешто со нив, како да ќе ме научат на нешто ново, а нема. Тоа е како да го земам целото мое ѓубре со мене каде и да одам.

Ќе вложам малку повеќе трпение денес. Љубезност и хуманост. Ќе се префрлам на убавите работи од вчера. И ќе ги доработам уште малку. Ќе додадам малку храброст, и тогаш можам да очекувам чуда. И лузните што ги добив вчера ќе почнат да заздравуваат. И денес ќе поставам ново правило. Ќе се грижам само за крајот. Дотогаш ќе му благодарам на животот за се што беше убаво, и ќе продолжам да верувам дека ќе биде така.

Прегледи:
491
Објавено на:
30.01.2022