Боите повторно ќе се вратат во твојот свет, и блесокот во твоите очи
Знам дека е тешко да продолжиш напред, да заздравиш. Но ти ветувам – ќе го преживееш ова, затоа што тоа е вистината.
Чекор по чекор, малку по малку, светлината полека ќе го замени мракот. Надежта ќе ги покрие сенките. Ќе почнеш да уживаш во малите нешта повторно, ќе сакаш да поминуваш време со твоите пријатели. Ќе се смееш, нема да се плашиш да поминуваш време сам, затоа што нема повеќе да се плашиш од сопствените мисли. Ќе почнеш да си веруваш на себеси повторно и повторно ќе му веруваш на своето срце.
И тоа ќе биде мигот кога ќе почнеш да сфаќаш. Ќе ти се вратат назад сите мигови, ќе прелетаат пред твоите очи и тогаш ќе ги согледаш сите мали пукнатини, сите нешта кои не биле во ред.
Ќе сфатиш дека разочарувањето било таму уште од самиот почеток, и ќе сфатиш дека не можел да постои поинаков крај.
И колку да те боли, ќе сфатиш дека сето тоа морале да се случи, морало да биде така.
Ќе го оплакуваш заминувањето на драгата личност, но на крај ќе сфатиш дека тоа било најдобро за тебе. Ќе продолжиш напред како ништо да не се случило, верувај.Ќе сфатиш дека заслужуваш повеќе, заслужуваш подобро и тоа те очекува.
Ќе ја спознаеш својата храброст, ќе сфатиш дека си борец и дека си посилен отколку што си мислел.
И кога еднаш ќе го сфатиш тоа, веќе се ќе биде минато. Боите повторно ќе се вратат во твојот свет, и блесокот во твоите очи. И тогаш, тогаш ќе почнеш од почеток.