Категории

Верувај во својата страст и лудост – Можеби ти ќе бидеш оној кој ќе го поплочи новиот пат

Можеби ти не си роден за да си дел од толпата.

Престани да ги слушаш туѓите мудрости и совети за тоа како треба да живееш. Престани да се споредуваш со другите и да се обидуваш да го живееш нивниот живот. Престани да се водиш според нивната логика како тие да ја откриле смислата на животот, никој не знае кои се вистинските правила за живеење, секој го прави она кое за него е најдобро и тоа треба да почнеш да го правиш и ти наместо да го правиш она што го прават сите.

Ако мислиш дека тие живеат совршени живот, тоа е лага. Никој не живее совршен живот, иако така изгледа однадвор, одвнатре секој води свои жестоки борби. Никој не знае која била цената која морал да ја плати за да стигне до точката на која се наоѓа. Наместо да се обидуваш да ги копираш другите, испиши своја приказна.

Не троши го својот живот обидувајќи се да се вклопиш во познатата норма, можеби тоа не ти припаѓа тебе, можеби ти не си роден за да си дел од толпата. Којзнае, можеби ти ќе бидеш оној кој ќе го пополочи новиот пат, поинаквиот, патот кој ќе направи промена.
Можеби таа промена ќе започни од тебе. Верувај во себе и во својата страст, верувај во својата лудост, можеби е поголема вистина дури и од реалноста. Којзнае, од другата страна можеби поинаку изгледа.

Прегледи:
418
Објавено на:
20.06.2020