Категории

Внимание за време на епидемија: Како правилно да ги чистите вашите телефони и да спречите ширење бактерии

Мобилните телефони се едни од најнечистите нешта кои ги имаме со себе, а за време на ширењето на смрниот корона вирус потребно е да обрнете посебно внимание на неговото чистење

Светската здравствена организација даде многу детали за правилното миење на рацете што е најдобрата заштита од инфекцијата, но ако со чисти раце го земете својот телефон кој е полн со бацили, не сте постигнале ништо.

Еве како да го одржувате својот телефон чист и да бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите бактерии:

-Исклучете го телефонот пред да почнете со чистењето
-Користете микрофибер ткаенина која ја употребувате за чистење на вашите наочари.Ако имате водоотпорен телефон, можете да користите вода, сапун и сретство за дезинфекција но избенувајте да ги чистите отворите на телефонот.
-Добро чистете ја и маската на телефонот со сретство за дезинфекција
-Мијте ги рацете пред и после користењето на телефонот
-Кога зборувате на телефон подобро е да користите слушалки наместо директно да го ставите телефонот на уво