Категории

Во еден ден се раѓаме, умираме, заљубуваме – Секој нов ден е можност за чудо

Секој ден пишувате нова приказна. Една многу обична приказна. Внимавајте да не ставате ликови кои се сеќаваат на вас само кога им требате а после тоа веќе не постоите за нив. Не додавајте ни ликови кои ќе ги исмеваат вашите соништа и мислат дека се нешто повеќе од вас. Чудата се случуваат кога ќе сфатите дека малите желби можат да направат голема разлика. И кога во еден куп луѓе што ќе ги сретнете денес, ќе најдете некој чие присуство ќе ви го забрза срцето.

Новиот ден е како една завиткана бонбона на дното на торбата. Треба да ја земете и да ја отворите. И дури тогаш го знаете неговиот вкус. Убавина. Не дозволувајте другите денес да ви кажат што да преземете и што да пробате. Магијата на животот започнува со верба во себе. Затоа што после тоа веруваш во другите. Не држете ги очите затворени повеќе! Ви претстојат многу чуда само да поминете без да ги видите. Дозволете си да бидете тоа што сте. Тука започнува вистинската приказна.

-Превземено

Прегледи:
530
Објавено на:
20.05.2022