Категории

Воскресението на телата – Мудра приказна

„Еднаш го прашале Исак Њутон:
-Како е возможно телата на мртвите, одамна распаднати, повторно да станат тела на своите души?“

Еднаш го прашале Исак Њутон:
-Како е возможно телата на мртвите, одамна распаднати, повторно да станат тела на своите души?
Одговарајќи на тоа, научникот помешал железна прашина со земја и ги прашал своите соговорници:
-Кој може да ја одвои прашината и да ја собере железната прашина?
Не добил одговор.

Тогаш Њутон земал магнет и го приближил до мешавината.
Настанало мешање на честиците. Ситните делови на железната прашина почнале да се фаќаат за магнетот едни за други. Во прашината не останала нити една молекула железо.

Тогаш Њутон им одговорил:

-Оној кој му дал олкава сила на мртвиот камен, зарем Тој не може да му даде таква моќ на нашите души кога ќе треба да се облечат во своите прославени тела?