Категории

Време е да ја обновите летната гардероба: Овие 7 трендови владеат оваа сезона

Сега е одлично време за купување летна гардероба и облека за на плажа. За да не се двоумите при изборот ви предложуваме седум модни трендови кои ќе владеат на плажите ова лето.

1. Боите на виножитото

Боите на виножитото совршено ќе го нагласат вашиот исончан тен и загарантирано ќе ја подигнат вашата самодоверба.

2. Големи шешири

Нема шанси оваа година да не го забележите трендот на големи шешири на плажа, а уште една придобивка од нив е што штитат од сонцето на плажа.

3. Плетени модни додатоци

Минатото лето се се вртеше околу плетените торби – кои се и понатаму потполно ИН. Но, забележуваме дека оваа година се појавија и плетените сандали кои се совршен избор за летување.

4. Везени парчиња облека

Кога зборуваме за трендовите на плажа, се е везено. Бикини, фустани, здолништа… Не можете да погрешите.

5. Марами

Марамите се вратија во мода! Со обзир на тоа дека и Бела Хадид ги носи на плажа, веќе знаеме дека марамите ќе владеат со ова лето.

6. Овошен принт

Оваа година, многу наши омилени парчиња се украсени со принт од лимон, јагода, ананас, лубеница…

7. Накит на плажа

Накитот во комбинација со бикини изгледа одлично, но секако за оние девојки кои стојат подалеку од водата и пливањето…