Категории

За деловните дами: Класичните парчиња се клучот на совршениот „office“ стајлинг

Кога е во прашање деловниот дрес код, најдобро е да инвестирате во класични парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода и ќе ги носие неколку сезони повторно и повторно.

За оваа есен ви споделуваме стилска инспирација со класични парчиња облека и како да ги стилизирате на тренди начин.
Класичниот модел на широки панталони се парче кое задолжително мора да се најде во гардероберот на секоја деловна дама оваа есем, покрај сакоата во црна и бела боја и белите кошули.
Доколку сакате да додадете малку живост на класичниот стајлинг, одберете додатоци или дезенирани кошули. Тоа е суштината на креирањето безвременски деловен стил кој исто така можете да го носите и во други прилики.

Прегледи:
414
Објавено на:
18.09.2019