Категории

Животната приказна на Карл Лагерфелд: Ги презирал децата со кои растел и сакал само еден човек

„Кога ќе ја замолев мајка ми да ми прочита приказна, таа ќе ми одговореше: „Научи да читаш“. А кога јас ќе одлучев да раскажам приказна, таа ќе ми кажеше: „Ти можеби имаш четири години, ама јас немам“.

Тој во 1983. година (веќе неколку децении од смртта на основачката Коко Шанел) Карл Лагерфелд ја преземал креативната контрола над модната куќа Шанел, која стана еден од најпрофитабилните луксузни брендови во светот.

Нејзината заработка се проценува на повеќе од четири милијарди долари годишно, со што ја надминува заработката на сите модни куќи. Но, бидејќи станува збор за компанија и приватна сопственост, никогаш не се објавени точни податоци.

„неговата сила се крие во тоа што неговата сегашна колекција е многу подобра од минатата и на тој начин не им дава на луѓето повод да мислат дека неговото време поминало“, објаснил Мајкл Робертс, модниот уредник на Vanity Fair и долгогодишен соработник на Карл.

Други напоменуваат дека неговата сила се крие и во фактот што во последните пет децении не го губел разумот поради работата, како што е случајот со неговиот ривал Ив Сеинт Лорен, кој сѐ до пензијата во 2002 година честопати доживувал нервни сломови.

„Ив беше како поет кој пати поради уметноста. Не можам да го замислам Карл да проведе ниту една минута седејќи и патејќи поради уметноста. А зошто би поминал?“, објаснува понатаму Робертс.

Сѐ до неодамна, Карл годишно произведувал дури осум колекции за Шанел, пет за италијанскиот луксузен бренд Фенди, чиј е исто така креативен директор и неколку за брендот со сопственото име. Способноста да смисли толку креации за три различни брендови го прави единствен моден дизајнер, а покрај тоа се занимава и со фотографија.

Фотографиите на Карл се објавувани во најголемите модни часописи, сам ги снимал кампањите и каталозите на Шанел, а тука се и уметничките фотографии кои неретко излегуваат во галериите. Говореше четири светски јазици – германски, француски, англиски и италијански – а издаваше и книги. Во Франција освен фотостудио, отворил и книжарница и печатница која досега објавила повеќе од четириесет наслови. Најчесто станува збор за книги чија тематика сам ја преферира – покрај модата и фотографијата, тука се литературата, хуморот, огласувањето, музиката, митологијата, илустрациите и архитектурата. Неговата книга „Диетата на Карл Лагерфелд“, која ја објавил 2002. година во соработка со докторот Жан Клод Хоудрет, продадена е во повеќе од милион примероци.

„Доколку проблемот со вишокот килограми не ви е важен, ако не жалите поради тоа што не можете да носите тренди облека и мали конфекциски броеви, тогаш оваа книга не е за вас“, напишал во предговорот.

Иако Лагерфелд беше познат по суровите коментари на сметка на изгледот на бројни познати личности, не може да не споменеме дека знаеше да биде и многу самокритичен. За пејачката Адел рече дека е предебела, за Пипа Мидлтон дека секогаш треба да го почажува само задниот дел од телото, а за починатиот уметник Енди Ворхол, својот некогашен пријател, дека физички изгледа исклучително одбивно. Но, не ги критикуваше само другите, туку и себе. Така, во една пригода својата природна боја на коса ќе ја опише како жолта слична на мокрача, а за себе ќе каже дека е карикатура.

„Ја сакам модата, а модата не се однесува исклучиво на облеката туку и на разни промени. Пробав сѐ. Хипи стил, ланци и слични додатоци, крзнени капи, чизми над колена… Сѐ“, изјавил Карл кој не поднесува апостолки и чорапи.

Карл Ото Лагерфелд роден е на 10. септември во Хамбург во богато семејство. Неговите родители биле образовани и начитани, а нивната идеја за „разговарање“ за време на вечерата се однесувала на дебата за религискиот филозоф Пјер Телихард де Чардин. Неговиот татко Ото се збогатил преку производството на кондензирано млеко, а мајка му Елизабет била виолинистка.

„Бев премногу егзотичен за тоа училиште. Го презирав друштвото на другите деца. Не си играв со нив, ниту пак ми беше гајле за нив. Одвај одев на училиште. Сѐ учев дома. До шестата година говорев германски, англиски и француски и тоа затоа што ги молев да ме научат. Мојот проблем беше тоа што ми беше смртно здодевно, сакав да бидам возрасен, а не дете. Чувствував како детството да траеше вечно. Денес родителите премногу бдеат над децата. Не би требало да биде така. Децата мора да знаат каде им е местото. Поимот детство и сѐ она што го подразбира ми изгледаше глупаво“, рекол Карл кој единствено ја обожавал својата мајка, покрај нејзините чести критики.

Карл прв пат се заљубил во седумдесеттите години од минатиот век. Срцето му го освоил францускиот аристократ и боем Jacques de Bascher, со кој ги делел афинитетите кон литературата, облеката и стилот. Лагерфелд му помагал и финансиски, но никогаш не живееле заедно ниту пак, како што рекол еднаш, спиеле заедно.

„Бескрајно го сакав, но никогаш немавме физички контакт. Секако, ме заведе неговиот физички шарм“, открил во една прилика. Биле заедно 18 години, во текот на 70-тите и 80-тите, сѐ до неговата смрт, предизвикана од ХИВ во 1989. година. Карл спиел на помошниот кревет во неговата болничка соба и бил со него сѐ до последниот момент. Не го напуштил ни тогаш кога De Bascher го изневерувал со други мажи.

„Секако дека знаев за аферата со Лорен. Ивс и јас повеќе од 20 години бевме добри пријатели.“

Освен што долги години беше креативен директор на две престижни модни куќи, во 2011. година ја започнал и својата модна линија Карл. Тој живееше во Париз, а поседуваше и вили во Рим и Монте Карло, а честопати го гледале во друштво на машки модели кои медиумите ги нарекувале „Децата на Карл“. Еден од најдолговечните во таа група е Американецот Брад Кроениг од Сент Луис кој со својот десетгодишен син патуваше низ светот со приватниот авион на Карл. Кроениг во една пригода изјавил дека дизајнерот сака да им подарува на своите „момчиња“ скапоцени подароци, како златен Ролекс или дијамантски нараквици “Chrome Hearts”.

„Никогаш не можете да кажете дека сте пријател на Карл, единствено тој може тоа да го каже за вас“, објаснила Colombe Pringle, поранешната уредничка на францускиот Вог. Кога го запрашале во една пригода Карл дали постои личност која го познава длабоко во душата, тој рекол: „Тоа е тешко прашање бидејќи толку време потрошив при градењето на имиџот што мислам дека тоа е речиси невозможно. И тоа е моја желба“, тоа да биде невозможно дури и за оние кои ги сакам. Единствено суштество кое знае што се случувало во неговите четири ѕидови била сијамската мачка Choupette која дури има и профил на Твитер и Инстаграм како и страница на Википедија. Во едно интервју од 2011. година Карл признал дека би сакал да може да се ожени со таа мачка.

„Сѐ уште не постои можност за брак помеѓу луѓе и животни… Но никогаш не мислев дека толку ќе се вљубам во мачка“, изјавил тој. Кога станува збор за жените, ги преферирал оние со силен карактер, а некои од најактуелните музи му беа Кара Делевињ и Кендал Џенер, пејачката Рита Ора но и актерката Кристен Стјуарт. Долго се дружел и со пејачката Лили Ален, а за нејзината свадба во 2011. година тој ја дизајнирал нејзината уникатна венчаница.