Волците се животни од кои можеме да се инспирираме на многу полиња во животот
Да се биде како волк, значи да се биде мирен борец, силен и тивок. Вистинскиот волк стои цврсто во суровиот свет кој е спремен да го проголта и исплука секого кој веќе не е корисен. Вистинскиот волк е силен поради своите уверувања среде борбата. Тој е отелотворение на стравот и огромната желба за успехот.
Волците се храбри и ја прифаќаат својата единственост. Тие не се плашат од ништо и не се чувствуваат загрозено од страна на другите. Тие стојат позади своите уверувања дури и кога сите се против нив.
Волците имаат единствена одлучност кога се во прашање постигнувањата на новите цели. Тие се единствени во ловот и ја игнорираат секоја причина за откажување.
Волците се горделиви животни кои учат од оние кои се подобри од нив и стојат цврсто против оние кои се помали од нив. Знаат да ги препознаат противниците и да смислат стратегија како да ги победат.
Волците се жестоки заштитници. Имаат инстинкт како да ги заштитат своите најмили.
Тие се исклучителни водачи. Следат строги правила и овозможуваат на алфата да го води чопорот, да ги заштити оние слабите, делат должност, храна и ги штитат малечките.
Волците се верни на својата природа. Не сакаат да се променат за да се прилагодат на новите околности. Наместо тоа, тие бираат да останат искрени спрема себеси.
Волците ја одредуваат сопствената слобода. Тие се господари на самите себеси.
Тие практикуваат еднаквост. Чесни се и спремни се да укажат почит кога ќе ја добијат од другите. Но кога им се покажува и најмала опасност, тие се спремни да ја ослободат својата дива страна.
Волците не се милосрдни. Тие се спремни да ги растргнат сите оние кои не се на нивна страна.
Волците никогаш не се плашат да патуваат во мрак. Тие се чувствуваат силно и во мракот на својот живот.