Категории

Животот е еден и вреди да се живее

Она што вистински го научив, најмногу од се, е да живеам и сакам секој ден како да ми е последен. Затоа што еден ден, тоа и ќе се случи. Искористете ги шансите и живејте го животот. Кажете им на оние кои ги сакате, дека ги сакате – секој ден. Не го земајте „здраво за готово“ нити еден миг. Животот е вреден за да се живее.

Иако неговата жена умрела во несреќа на скијање, Лиам Нисон сеуште се надева дека таа еден ден ќе зачука на вратата од неговиот дом.

Тој ден добил повик дека неговата жена била одведена во болница. Докторите му рекле дека има големо оштетување на мозокот поради големиот оток кој се појавил после ударот во ѕид. Тогаш се соочил со тешката одлука дали да дозволи да се исклучи нејзиниот апарат за одржување во живот. Одлучил да не го направи тоа на кратко време, за да дозволи семејството и пријателите да се простат од неа.

„Велат дека најтешкото нешто на светот е да изгубиш некој кој го сакаш. некој со кого си остарел и кого си го гледал како расте секој ден. Некој кој ти покажал како се сака. Тоа е најлошото нешто на светот кое може да му се случи на секого.

Мојата жена умре одненадеж. Таа ми донесе толку радост во животот, ми беше се. Тие 16 години, колку што бев нејзин сопруг, научив што е безусловна љубов.
Мораме да бидеме благодарни за нашта љубов. Затоа што животот е многу краток. Поминувајте време со своите партнери. Третирајте ги добро. Еден ден, кога ќе погледнете околу себе, можеби нема да бидат таму.
Она што вистински го научив, најмногу од се е да живеам и сакам секој ден како да ми е последен. Затоа што, еден ден тоа и ќе се случи. Искористете ги сите шанси и живејте го животот.
Кажете им на оние кои ги сакате, дека ги сакате – секој ден. Не го земајте „здраво за готово“ нити еден миг. Животот е вреден за да се живее.“

Прегледи:
1844
Објавено на:
11.02.2020