Категории

Животот ги меша картите, не вие – На крајот се ќе биде онака како што треба да е!

Со секое зајдисонце си велам: Еден ден од мојот живот помалку. Една можност помалку. Една надеж помалку. И затоа веќе нема да се обвинувам себеси за некоја неизвесната иднина. Да очекувам да се случи нешто фасцинантно во некое утре за кое не сум сигурен ни дека ќе дојде. Не сум ни сигурен дека ќе го имам. Ќе гледам само што е убаво во моментов и ќе направам да потрае. Во мислите и реалноста. Да бидам благодарен што ми била дадена прилика да уживам во него.

Со секое зајдисонце имам чувство дека ништо не се менува, но кога ќе погледнам наназад ми се чини дека се е сменето. Се околу мене. А најмногу ми се чини дека се прменив самиот себеси. И не знам како. Но животот знае. Живот кој ми ги измеша овие карти кои веќе не ги играм, бидејќи на крајот секогаш сè излегува по свое. Сега гледам поинаку. Секое зајдисонце како едно предупредување. Што ми вели: Твојот живот станува сè помал. Размислете добро што ќе правите со него.

Прегледи:
419
Објавено на:
31.10.2021