Категории

Животот никогаш никому не останал должен

Животот е прекрасен, иако можеби не е онаков каков што сте го замислувале во детството.

Годините поминуваат, а ние постојано нешто чекаме за да започнеме да дишеме со полна плуќа, да станеме среќни, спокојни, конечно да почнеме да живееме.
Сите тие години не можат да се вратат никогаш и дури во најдлабоката старост можеби ќе сфатиме дека животот поминал нечујно покрај нас додека сме замислувале како сакаме да го живееме.
Што и да ви се случи во животот, морате да се потсетувате себеси дека животот е вистински бесценет. Животот е чудо, иако можеби во овој момент тоа не ви се чини така.

Обрнете внимание на се што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на случувањата кои ве прават тажни или радостни. Прифатете се без приговори. Дозволете си на себеси да патите кога ви е тешко и да се радувате кога ќе доживеете успех. Сакајте со сето срце. Сакајте се – и она што ви одговара и она што не ви е баш по волја. Извлечете го најдоброто од се, од секое случување, од секоја личност, од секој проблем, од секоја препрека.

Засакајте се себеси, својата драгоцена улога во сето ова. Вашето присуство не е случајно. Вие сте важна алка во овој огромен ланец на постоењето.
Животот е подарок, иако можеби немате се што отсекогаш сте посакувале.
Верувајте дека доброто со добро се враќа. Правете добри дела. Помагајте кога што можете. Собирајте бодови кај таа моќна и креативна сила која ја нарекуваме Бог.
И запомнете една од најголемите вистини..
Животот никогаш никому не останал должен.

Прегледи:
497
Објавено на:
07.01.2020