Категории

Животот ти го враќа она кое му го даваш

Животот секогаш ти го враќа она кое го даваш. Животот е огледало на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, подари повеќе љубов.

Еден човек заедно со неговиот син одел низ шумата.
Одеднаш, момчето се сопнало и крикнало во болка: „Аххх!“
Одеднаш се слушнал глас кој доаѓал од планината: „Аххх!“
Момчето љубопитно извикало: „Кој си ти?“ Но одговорот кој го добил бил: „Кој си ти?“
Тоа го налутило па повторно викнало: „Кукавицо!“ А гласот му возвратил: „Кукавицо!“
Детето погледнало во својот татко и го прашало: „Тато, што се случува?“
„Сине“, рекол таткото, „обрни внимание.“
Тогаш таткото извикал: „Ти се восхитувам!“ Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“
Таткото повторно извикал: „Прекрасен си!“ Гласот возвратил: „Прекрасен си!“

Детето стоело изненадено, но сеуште не сфаќало што се случува.
Таткото му објаснил: „Луѓето ова го нарекуваат ехо. Но, тоа е всушност животот. Животот секогаш ти го враќа она кое го даваш. Животот е огледало на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, подари повеќе љубов.

Ако сакаш повеќе добро, подари повеќе добро. Сакаш разбирање и почит, тогаш почни сам да разбираш и да почитуваш. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи спрема тебе, тогаш и ти биди трпелив спрема луѓето. Ова правило се однесува на сите аспекти од животот. Животот секогаш ти го враќа она кое го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е ехо на твоите дела.“

Прегледи:
639
Објавено на:
19.03.2020