Категории

4 годишно девојче од Турција прави неверојатни копии од стајлинзите на познатите дами

Стефани, 4 годишно девојче од Турција, воодушевува со креативни фотографии!

Таа заедно со својата мајка, изработуваат копии на облека од познати актерки и пејачки, а тоа го прават навистина професионално и воодушевуваат во креациите!

 

Стефани изгледа одлично во овие рачно изработени креации, зар не?  И посакуваме среќа, па еден ден да ја гледаме и на црвените килими во совршени изданија.

Покрај тоа што се гледа дека навистина ужива во копирањето на славните дами, таа исто така има и други многу интересни фотографии.

 

Профилот на малата Стефани е исполнет и со интересни фотографии со храна и цветови, а тие се неверојатно креативни и убави, затоа го привлекуваат лесно вниманието, па не е ни чудно што интересните фотографии на Стефани и донеле над 120 илјади следачи.