Категории

5 интересни факти за Пилатесот кои досега не сте ги знаеле!

Пилатесот е дисциплина во вежбањето која се развила пред околу 100 години, меѓутоа, во последниве години енормно се зголеми нејзината популарност. Постојат многу митови околу пилатесот од кои само некои всушност се вистинити. Ви претставуваме 5 неверојатни пилатес факти и бројки кои ќе ве доближат до оваа дисциплина и ќе ви докажат зошто пилатесот го обожаваат насекаде во светот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

1. Пилтесот НЕ Е еден вид јога

Иако Пилатесот и Јогата делат некои принципи, како што е нивниот холистички пристап за усогласување на телото и умот и нивната општа намена за развивање на сила, флексибилност, заземањето положба, рамнотежа и правилно дишење, тие се два различни режими на вежбање. Јогата потекнува од Античка Индија пред повеќе од 5000 години, додека пилатесот е развиен од страна на германецот Јозеф Пилатес пред нешто повеќе од 100 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Додека јогата се фокусира на подобрување на флексибилноста на вашето тело преку статични положби, акцентот на пилатесот се става на зајакнувањето на мускулите на вашето тело, особено на клучните мускули, во проток на движење, што за возврат доведува до подобрување на флексибилноста. Пилатес вежбите се изведуваат и со помагала при вежбањето и душеци, додека класичните вежби за јога не бараат никаква опрема. Во минатото, само на одредени луѓе им било дозволено да практикуваат пилатес и тоа само во некои специјализирани студија.

2. Оригиналното име на пилатесот било „Контрологија“

Кога Јозеф Пилатес, создавачот на пилатесот, ги осмислил индивидуалните вежби, тој спровел метод каде што го контролирате вашето тело, мускулите и умот. Секој потег во секоја вежба е дизајниран да се фокусира на вашите основни мускули во таканаречената „Powerhouse“ – вашиот стомак, карличниот дел и долниот дел на грбот – истовремено обрнувајќи внимание на правилно усогласување и правилно дишење. Контрологија е името кое Јозеф Пилатес го смислил за неговиот режим на вежбање и се сметајќи го за уметност која манифестира контрола над телото и умот. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Оттука доаѓа и името на најпознатото пилатес студио кај нас „PowerHouse Pilates“ кој воедно го нуди токму она што се подразбира под пилатесот како дисциплина во вежбањето – целосна контрола над телото, мускулите и умот!

3. Програмата за вежбање пилатес првично се состоела само од 34 вежби

Првобитно, имало само 34 вежби за вежбање, кои сѐ уште се дел од основните вежби во пилатес тренингот. Во целост, Јозеф Пилатес создал повеќе од 500 вежби, вклучувајќи мала и голема пилатес опрема, како што се магични кругови (кои ги направил од челичната лента околу пивските буриња). Денес, бројот на пилатес вежбите постојано се зголемува, како и бројот на видовите на пилатес и негови варијации. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Студијата на PowerHouse Pilates се целосно опремени со сите потребни пилатес реквизити за да уживате при вежбањето постигнувајќи што поголем ефект.

4. Пилатесот првично бил развиен и адаптиран за мажи

Денес, само околу 25% од мажите вежбаат пилатес. Една од причините за ова е јавното моислење дека пилатесот е дисциплина за жени. Всушност, пилатесот првично бил развиен за мажи и создаден од маж.

Со цел да го подобри своето нарушено здравје, Пилатес создал програма со вежби која најпрво ја тестирал на себеси – постигнувајќи голем успех. Години подоцна, кога Пилатес стажирал во еден камп, тој создал вежби за пациентите за да им помогне побргу да се опорават од многубројните повреди.

Токму тогаш тој ја адаптирал својата програма правејќи ја соодветна за машката популација. Подоцна, откако емигрирал во САД околу 1925. година, отворил студио за танчери кое вклучувало мажи и жени.

5. Многу познати личности вежбаат пилатес

Пилатес е доста модерна програма за вежбање, која е многу популарна кај познати личности – актери, спортисти, тениски ѕвезди, фудбалски ѕвезди, модели итн. Тенисерите, како што е Енди Мареј, честопати го користат пилатесот како дел од нивниот режим на вежбање, особено по одредена повреда за да им помогне во заздравувањето и да спречат повреди во иднина. Сепак, тие исто така го користат пилатесот и за подобрување на мускулните дисбаланси, подобрување на флексибилноста и при градење на јадрото на мускулите и стабилизација.

За фудбалерите пилатесот е исто така одлична алатка при опоравување од повредите и спречување на нови повреди. Еден од најпознатите фудбалски ѕвезди, Дејвид Бекам, вежбаше пилатес за време на својот престој во Милан и го практикуваше по еден час дневно. Покрај клучните придобивки – подобрената координација, мобилност и флексибилност, рамнотежа и суптилност – Бекам исто така ги намали на телесните масти како резултат на редовното вежбање изјавувајќи дека е „во најдобра форма досега“.

Актерките Џенифер Анистон и Кејт Винслет исто така се вистински обожавателки на пилатесот. Џенифер Анистон првично го избрала пилатесот за да ја намали својата хронична болка во грбот и проблемот со колкот и вели дека “секојдневните вежби ја прават да се чувствува поздрава и посилна“.

Кејт Винслет, од друга страна, започнала да  вежба пилатес за да ја одржи тежината под контрола и успеала во тоа. Таа вели дека чувствува дека сега ја достигнала својата “идеална фигура”. За кралицата на поп музиката Мадона, пилатесот е составен дел од нејзиниот здрав начин на живот, а истото важи и за врвниот топ модел Хајди Клум. Овие ѕвезди редовно вежбаат пилатес за да останат здрави и во одлична форма.

Време е да се посветите на себе и на вашата телесна и духовна благосостојба. Почувствувајте ја моќта на PowerHouse Pilates и уживајте во својот совршен изглед, одржувајќи го физичкото и менталното здравје на вашето тело. Студијата на PowerHouse Pilates се лоцирани во Кисела Вода, Аеродром и Дебар Маало.