Категории

5 видови храна кои ги ублажуваат ПМС симптомите

Предменструалниот период за жените е мачен период. Секоја има различни симптоми, некогаш речиси неприметливи, но некогаш знаат да предизвикаат големи болки и мачнини. 

Ова се неколку намирници кои ги ублажуваат најчестите ПМС симптоми, а веруваме ќе влијаат позитивно и на вас.

Мангото има убав и сладок плод, за кое некои експерти сметаат дека е како создаден за ублажување на ПМС мачнините. Покрај тоа што е вкусно, заменете го со вообичаените нездрави грицки и олеснете си.

Краставицата помага доколку за време на ПМС чуствувате подуеност и нелагодност, таа е природен диуретик, па ќе ви помогне да ги исфрлите вишокот течности и да се чуствувате полесно.

Леќата е лек за променливото расположение. Наглите промени на расположението се чести за време на ПМС, а леќата содржи јаглехидрати кои позитивно влијаат на мозокот и на расположението, а истовремено лесно ја вари организмот, па нема да имате дополнителни мачнини.

Јогуртот е здрав и корисен при проблеми со дигестивниот систем, кои се чест проблем кај некои жени во ПМС.

Бадемите влијаат позитивно на организмот доколку имате преосетливи гради за време на ПМС. Освен бадеми, добро е да се конзумира и сончоглед кој исто така ја намалува хиперсензитивноста на градите.

 

Прегледи:
607
Објавено на:
21.05.2017