Добрата нега на кожата е исклучително важна за нејзин беспрекорен изглед, но добрата козметика не е единствено важна во рутината за вашата убавина.
Убавината доаѓа и одвнатре, многу се важни храната и пијалоците кои ги конзумирате за добро здравје и идеален изглед на вашата кожа. Ова се седум пијалоци кои имаат благотворно дејство на вашата кожа.
Зелениот чај може да го инхибира ензимот кој се поврзува со дамките од стареење и од сонце. Пиењето на зелен чај може да придонесе до помалце дисколорација на кожата.
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/06/Natural-Antibacterial-Properties-Green-Tea.jpg)
Кељот содржи моќни антиоксиданси кои придонесуваат за добро тонизирање на кожата одвнатре. Секако, козметиката и шминката си го прават своето, но сокот од овој моќен антиоксиданс не е на одмет.
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/06/kelj-zdravje-3.jpg)
Матча е специјално одгледан и обработен вид на зелен чај, кој е особено моќен антиоксидант, кој ја штити и прочистува кожата од слободните радикали кои ги има во околината. Се бори со брчките и ги намалува стареењето.
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/06/matcha_tea_health_benefits_matcha_source.jpg)
Хормоналните акни се голем проблем кој се јавува на кожата на возрасните, а некои истражувања покажале дека посебен вид на нане „џоџен“ може да помогне во борбата со акни.
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/06/516d5xYyz6L.jpg)
Многумина ја пијат водата со лимон за подобра дигестија, но таа не е добра само за подобро варење на храната, со витаминот Ц, таа е одлична и за заштита на кожата од УВ зрачењето.
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/06/lemon-water-bottles-benefits.jpg)
Колагенот помага да се задржи светлината и сјајот на кожата. Исто така колагенот се справува и со брчките и помага за поцврста текстура.
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/06/NEL-01986-17-1024x1024.jpg)
Куркумата, заедно со матчата, се најтренди состојки последнава година, не е ни чудо зошто е така. Тие прават чудо за тенот, а куркумата како моќна состојка против воспалувањата помага во намалување на црвенилото.