Фотографката Karen Jerzyk на напуштените простори гледа како на одлично место за содзавање на нејзините страшни приказни.
Полуизлупениот тапет, прашината на скалите, оштетениот таван, стариот и заборавен мебел се деталите кои ги комплетираат нејзините морничави приказни.
Фотографиите покажуваат сцени кои се како замрзнати во времето, но не сакате да ги запаметите како убави спомени, напротив.
Таа раскажува како недостатокот на средства може да влијае на работата и вели иако донекаде било хендикеп, сепак недостатокот на пари ја буди креативноста во тебе.
Моментот кој направил голема разлика во нејзината работа бил трагичен настан, смрта на нејзиниот татко разбудило нешто друго во неа. Тагата и осаменоста довеле до развој на нејзината фотографија.