Категории

Време е за пилатес: Зошто е најважна физичката активност во текот на зимата?

Кога настапува зимскиот период многу фактори влијаат врз здравствената и психичката состојба на секој од нас. Денот е пократок, а со тоа имаме и помалку часови на располагање за трчање и одржување на физичката кондиција во надворешни услови, како и поради ниските температури кои дополнително не затвораат дома. Мечтаеме за топлите летни денови, сончевите зраци и летната облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Јануари е месец исполнет со празници, прослави, а заедно со нив доаѓа и зголемената количина на храна и алкохол. Поради овие околности многу лесно се зголемуваат и килограмите, внесувајќи токсини во организмот кои треба да се исфрлат преку физичка активност и правилна исхрана. Не се вели без причина дека јануари е најдепресивниот месец во годината: празни сметки, враќањето на работните обврски по малата пауза, вируси и грип, како и несакани килограми. Како да се извлечете од сето тоа?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Мотивација

Моментот кога ќе сфатите дека вие може да направите сѐ што ќе замислите го означува почетокот кон намалувањето на килограмите добиени во зимските месеци. Тука не станува збор за строги диети кои се ефикасни на краток рок, а изгубените килограми се враќаат веднаш кога ќе престанете со нив. Она што навистина ви треба во зимскиот период е вежбањето пилатес. Најдобриот пилатес центар PowerHouse Pilates располага со одлични услови и во текот на зимскиот период кои ќе ви овозможат да ги дочекате топлите пролетни денови во одлична кондиција. Еден од најефикасните начини да се ослободите од депресивното расположение е преку потењето! Во текот на вежбањето телото испушта ендорфин- познат како хормонот на среќата. Така што, покрај физичката состојба на телото, вежбањето пилатес значително влијае и врз психичката состојба. Не барајте изговори, бидете активни!

Вежбајќи во текот на зимата се заштитувате од повреди

Несомнено е дека нашето тело станува позатегнато во зима. Ова се случува поради неколку причини. Една од нив е и фактот што во текот на зимата не пиеме доволно вода што исто така придонесува за затегнатоста на мускулите и зглобовите. Кога нашето тело е стегнато, подвижноста на зглобовите е значително намалена што може да доведе до повреда. Добро истегнато и хидрирано тело во зима ќе ви помогне да се заштитите од болка и потенцијални проблеми со зглобовите. Затоа, препуштете ја довербата на професионалниот тим од инструкторки во PowerHouse Pilates кои преку ефикасните и креативни вежби ќе ви овозможат да ја зголемите еластичноста на телото притоа заштитувајќи се од несакани повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Значително подобрување на расположението

Воопшто не е невообичаена појавата на лошото постпразнично расположение. Тренирањето ослободува од напнатост, го ослободува мозокот од стрес и предизвикува чувство на среќа. Ефикасното вежбање помага при намалување на анксиозноста и депресијата, а истовремено да зголемување на благосостојбата, а за сето ова особено е значајна атмосферата онаму каде што вежбате. Во секое од студијата на PowerHouse Pilates изобилува големо количество на позитивна енергија која што се пренесува на секој оној кој присуствува и сака да биде дел од вежбачкиот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Зајакнување на имунолошкиот систем

Истражувањата постојано потврдуваат дека редовното вежбање го зајакнува вашиот имунолошки систем, борејќи се против бактериски и вирусни инфекции. Ова е особено важно во текот на зимата кога настинките и грипот се присутни насекаде. Кога вежбате го зголемувате протокот на крвта, имунолошките клетки побрзо циркулираат низ вашето тело уништувајќи ги инфекциите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Не чекајте ни момент повеќе, време е за вежбање, време е за пилатес! PowerHouse успешно функционира на три локации низ градов: Дебар Маало, Кисела Вода и Аеродром. Доколку сѐ уште не сте дел од PowerHouse Pilates тимот, изберете го студиото кое е најблиску до вас и започнете да се подготвувате за потоплите денови, а воедно изберете вистински начин да се загреете во зимскиот период.

Прегледи:
786
Објавено на:
14.01.2019