Едниот фустан е романтичен совршен за состанок со момчето, а другиот е кул и може да се носи и на работа – оваа пролетна сезона ќе бидете заљубени во овие два модели на фустани!
Знаеме дека одвај ги дочекавте првите зраци на сонцето за да ги спакувате оние најдебели џемпери и да направите место за најубавите лелеави фустани. Пронајдовме два преубави модели кои својот триумф ќе го доживеат токму во текот на пролетта. Иако овие модели се идеални за носење под тексас јакна, одлично изгледаат и под капут.
Романтичен и лелеав
Овие прекрасни фустани одамна ги откри дизајнерката Дајан фон Фурстенберг и тоа уште во 1972 година. После толку многу децении подоцна ние сме му и понатаму верни на овој вечен модел. Оваа пролетна сезона се носи во живи бои, како светлосина со линии или тегет со нежни цветови. Да, ова е дефинитивно фустан кој освојува на прв поглед.
На трегери
Едноставно не можеме да одолееме на овие весели фустани кои нѐ потсетуваат на младоста. Кога ќе се присетиме дека овие модели ги носевме кога бевме мали, ќе сфатиме всушност колку се практични. Може да ги комбинирате и со различни блузи, кошули или топови. Честопати имаат и мали џебови од страна во кои ќе ги собере телефонот, клучевите и карминот. Слободно може да заборавите на ташна!