Шпанците обожаваат да истакнат дека еспадрилите се посебен вид на обувки за нив бидејќи имаат шпанска душа, а освен што се посебни- тие се и многу практични. Ова лето еспадрилите се апсолутен хит.
Класичните еспадрили веќе неколку сезони се на врвот на популарноста, а исклучок нема да биде ни ова лето. Почнувајќи од класичните еспадрили, па се до тренди моделите- изборот е голем.
Исто така постојат и преубави модели кои се хибрид помеѓу класичните и сандалите на потпетици, а тука се и патиките-еспадрили и многу други атрактивни стилови.
Ги има во една боја и шарени, отворени и затворени, со волна и украсни копчиња..
Еспадрилите ги воодушевуваат сите обожаватели на лесни обувки и максимална удобност, а може да се пронајдат речиси во сите продавници за обувки.
Ова лето посебен акцент добиваат еспадрилите во палетата на бои од бела, преку беж, па се до сите нијанси на смеѓа.