Категории

Мотивациони пораки кои ќе ве променат

Секому се случува да има лош ден, кога ништо не оди според планот. Кога ќе почнат да преовладуваат тажни мисли, длабоко воздивнете и прочитајте ги неколку пати овие пораки кои ќе ви помогнат да ја повратите верата во себе и во животот.

„Секогаш сѐ изгледа невозможно сѐ додека не го направите“ – Нелсон Мендела

„Не морате да бидете одлични за да започнете, но морате да почнете за да станете одлични“ – Зиг Зиглар

„Дури и ако паднете на лице и понатаму продолжете напред“ – Виктор Киам

„Добро направеното е многу подобро од добро реченото“ – Бенџамин Френклин

„Секогаш е прерано за да се откажеш“ – Норман Винсент Пил

„Одете само напред и започнете веднаш. Иднината никому не е ветена“ – Вејн Дјер

„Ќе ги пронајдете границите само кога ќе ги преминете“ – Херберт Сајмон

„Не гледајте на часовникот. Само правете го она што и тој го прави – продолжете да работите“ – Сем Левенсон

„Чекор по чекор и работата е завршена“ – Чарлс Атлас

„Повторно и повторно доживував неуспех, токму и поради тоа успеав“ – Мајкл Џордан

„Тајната на напредокот се крие во тоа да почнете“ – Марк Твен

„Доколку сонувате за тоа, можете и да го направите“ – Волт Дизни

„Подобро да се обидам во нешто и да доживеам пораз отколку да не правам ништо и да успеам во тоа“ – Роберт Шулер

„Вашата сопствена одлука да успеете е поважна од било чија друга“ – Абрахам Линколн

„Она што ќе го направите денес, може да ги подобри сите наредни денови“ – Ралф Марстон

„Секогаш има место на врвот“ – Даниел Вебстер