Категории

Вистинско време не е она кое вие го планирате, туку она кое ви е судено

Одложувањето на некои нешта всушност нѐ штити од некои лоши моменти.

Никој од нас не може да претпостави што ни донесува наредниот ден. Божјите планови му се познати само нему. На нас е секој ден да го искористиме максимално и да уживаме во него најмногу што можеме. Толку сме опседнати со проблемите што речиси никогаш не издвојуваме неколку минути време да би се помолиле и да му се заблагодариме на Бог за се што моментално имаме.
Луѓето во главно се сконцентрирани на она негативното и никогаш не пронаоѓаат време да се заблагодарат за сето добро што им се случува. Таква е природата на човекот. Кога се му е по волја, тој заборава на Бог.
Пред легнување во кревет, повеќе би сакале да гледаме фотографии на друштвените мрежи, да читаме трачеви за ѕвездите но не и да пронајдеме време за она најважното.
Во еден миг кога ќе ни се случи некоја неволја, се сеќаваме не Бог. По правило, човек се врти кон религијата кога ќе му се случи нешто лошо.

Кога некој наш близок е болен или кога ќе ја изгубиме работата. И тогаш почнуваме да се прашуваме себеси каде згрешивме и зошто ни се случува тоа. Се молиме нештата да бидат подобри и иднината да стане посветла. Но кога нешто не се случува онака како што посакуваме стануваме тажни и депресивни. Единствениот одговор за тоа е дека Бог има свој тајминг. Ако нешто не оди според планот, тоа е затоа што моментално за остварување на некои желби не е дојдено вистинското време.

Многу е тешко да се помириме со таа идеа дека она што го замислуваме нема да се реализира одма. Факт е дека за да се оствари некоја цел, претходно мораат да случат некои други работи, а дел од нив не секогаш ќе бидат позитивни.
Наместо да тагувате над она што не се остварило, прифатете ја ситуација таква каква што е и продолжете понатаму. Во природата на човекот е да поскува се наеднаш, но гледајте на тоа на овој начин – одложувањето на некои нешта всушност не штити од некои лоши.

Прегледи:
514
Објавено на:
21.10.2019