Категории

Време е за нови почетоци – моќни цитати кои ќе ве охрабрат

Луѓето често заглавуваат во животот кој не го сакаат, било поради сплет од околности или поради тоа што се држат до нешто што не функционира. Доколку ви треба поттик за да продолжите понатаму, тој најчесто се крие во многу едностави нешта за кои понекогаш и не сме свесни.

„Постои време за заминување, дури и кога не постои место каде би отишле“

„Животот е како возење со велосипед, за да одржите рамнотежа мора постојано да се дивижите“

„Кога една врата се затвора, друга се отвора, но премногу често гледаме во онаа затворената поради што не ја забележуваме онаа која се отворила за нас“

„За да опстанете не ви треба способност за памтење, напротив, ви треба способност за заборавање“

„Ако поминувате низ пекол, само продолжете да одите“

„Повеќе сакам да сонувам за иднината, отколку да се навраќам на минатото“

„Секој кој во својата визија се ограничува на сеќавањата од минатото, веќе е мртов“

„Размислувам само за еден ден. Вчера помина, а утре сѐ уште не дојде“

„Изворот на најчестите таги во сегашноста е гледањето на радоста од минатото“

Прегледи:
1507
Објавено на:
24.10.2019