Се носи насекаде низ модните метрополи
Овој модел на фустан, кој и не е баш фустан, абсолутно го освои модниот свет оваа сезона. Се работи за моделот на блејзер фустан. Инспирирано од ’80-тите, ова модно парче е елегантно а во исто време и женствено и секси. Изберете модел со колан кој го нагласува струкот, или едноставен модел со копчиња, во секој случај можете да го носите во најразлични прилики. Со високи потпетици, рамни чевли, чизми над колена и патики. Тој е мултифункционален и затоа го обожаваме.