Мудра приказна која ќе ја промени вашата перспектива
Еднаш една млада жена отишла кај својата баба и се пожалила дека и е тешко во животот. Не знаела како да продолжи понатаму и сакала да се „откаже од се“. Била уморна од борба, и се чинело дека штом некој проблем се реши веднаш се појавувал нов.
Слушајќи ја, бабата ја однела во кујната. Наполнила три лонци со вода и ги ставила на оган додека водата не зворие. Во првиот лонец ставила морков, в вториот јајце а во третиот зрна кафе.
Седнала и ги оставила да се готват. После 20 минути го изгасила оганот. Тогаш го извадила морковот од лонецот и ги ставила во чинија, потоа го извадила јајцето и го ставила во чинија, па на крајот ја извадила и водата во која се вареле зрната кафе и ја истурила во трета чинија.
Бабата се завртила кон својата внука и ја прашала: „Кажи ми што гледаш“
„Гледам морков, јајце и кафе“ – одговорила.
Тогаш бабата ја замолила да го допре морковот, девојката го направила тоа и забележала дека тој е мек. Потоа бабата и рекла да го земе јајцето и да го скрши, под лушпите јајцето било тврдо сварено. И накрајот бабата и рекла на внуката да ја проба водата во која се вареле зрната кафе. Внуката се насмевнала кога почувствувала богата арома на кафе.
„Што значи сево ова, бабо?“
Бабата и објаснила дека секоја од тие „намирници“ се соочила со иста „неволја“ – врела вода. Но, секоја реагирала поинаку. Морковот бил тврд и попуштлив се додека врелата вода не го направил мек, јајцето станало кршливо, а неговата внатрешност од течна станала тврда, но зрната кафе биле единствени кои со текот на варењето ја промениле водата.
„Во кој правец се пронаоѓаш себеси, дете мое?“ – ја запрашала бабата својата внука.