Мудри зборови кои морате да ги запомните!
Константно трчаме по парите и често забораваме на нашите најмили, на луѓето од нашето опкружување кои ни значат.
На прашањето што им е заедничко на сите луѓе во светот, еден старец одговорил:
„Тоа што детството им е досадно, брзаат за да пораснат, а потоа повторно сакаат да бидат деца. Што го трошат здравјето за да стекнат пари, па потоа трошат пари за да го вратат здравјето. Што живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.“
Еве што тој ги посоветувал младите луѓе:
„Да научат дека никого не можат да го присилат да ги сака. Дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите.
Дека не е богат оној човек кој има најмногу, туку оној на кого му треба најмалку. Да научат дека доволни се само неколку секунди за да се повреди саканата личност, а потоа потребни се години за раната да се излечи.
Да сфатат дека постојат личности кои ги сакаат нежно, но тоа не знаат да го кажат нити да го покажат. Да научат дека со пари може да се купи многу, но среќа не. Дека две личности можат да гледаат исто нешто, а да видат различно. Да научат дека вистинскиот пријател е оној кој ги знае сите твои маани, а сепак ги сака.“