Категории

Живеј го својот живот верувајќи дека најдобрите денови допрва пристигнуваат!

А најдоброто ќе го добиеш кога ќе го дадеш најдоброто.

Луѓето се менуваат, некои на подобро, некои на полошо. Немој да се прашуваш зошто се случува тоа, зошто некои луѓе заминуваат ако не си направил ништо лошо. Можеби не си направил ништо добро, не си дал доволно добра причина да останат, не си ја одржувал врската доволно добро и таа едноставно пукнала. Како и да е, сега мораш да започнеш од почеток, со некои нови луѓе и во некои нови прилики. Само немој никогаш да ги заборавиш лекциите кои си ги научил.

Никогаш немој да престанеш да учиш за себе, сите тие ситуации низ кои си поминал имале причина, те подучиле на нешто. Сосема е во ред понекогаш да останеш сам. Да останеш на раскрсница и да се прашуваш кој е вистинскиот пат за тебе. Тоа не е знак дека нешто со тебе не е во ред, дека си неодлучна личност полна со комплекци или си премногу пребирлив, туку е знак дека го цениш својот живот и од него го сакаш само најдоброто. А најдоброто ќе го добиеш кога ќе дадеш најдобро.

Биди горд на себе, чекори со подигната глава напред кон иднината знаејќи дека твојата совест е чиста. Еден ден сите овие лоши нешта кои ги доживеа ќе те направат посилен, ќе знаеш дека се случиле поради некоја причина. Биди горд на тоа што некого си сакал, биди горд на тоа што си научил нешто од таа врска. Живеј го својот живот верувајќи дека најдобрите денови допрва пристигнуваат!

Прегледи:
631
Објавено на:
29.02.2020