Категории

Не дозволувајте да изгубите уште еден ден во својот живот

Во еден град си била една улица на која се наоѓале само продавници. Сопствениците на малечките продавници живееле и работеле во добри односи.

Секој ден сите во исто време ги отворале и затворале своите дуќани а потоа заминувале во своите домови. Еден од сопствениците секоја вечер, додека го затворал својот дуќан, велел: – „Изгубив уште еден ден.“ Како што тоа се повторувало од вечер на вечер, неговите колеги заклучиле дека трговијата слабо му оди.

Утредента тие се договориле да ги испратат своите купувачи во неговиот дуќан за и нему да му тргне.
Кога и некој да влезел во нивните дуќани, тие го испраќале во неговиот. Кога дошло време да се затвори, истиот сопственик затворајќи ја вратата повторно рекол: „Изгубив уште еден ден.“
-„Но сега ја претера“, извикал глас од останатите продавачи.
-„Цел ден испраќавме купувачи за да купуваат кај тебе, а тебе повторно ти е малку. Заработи онолку колку што ние сите заработуваме заедно во еден ден.“

-„Ех пријатели мои“, одговорил продавачот. „Јас имам пари. Парите ги имало и ќе ги има, но овој, ваквиот ден како денес, никогаш нема повторно да се врати.“

Прегледи:
520
Објавено на:
14.03.2020