Категории

Во животот понекогаш мораме и да се жртвуваме за да се случи нешто прекрасно

Не плашете се. Понекогаш животот мора да ве пресече за од вашата длабочина да изникне нешто драгоцено.

Си била некогаш една преубава градина. Господарот на таа градина обожавал на шета низ неа за време на дневната топлина. Едно прекрасно бамбусово стебло му било омилено и најдраго од сите растенија кои растеле во градината.

Бамбусот растел од година во година се поголем и попривлечен. Но еднаш се случило нешто и господарот му се доближил на бамбусовото дрво и низ тага му рекол:
„Драг бамбусу, ти ми требаш“. Бамбусот возвратил: „Подготвен сум, употреби ме како што сакаш.“
Гласот на господарот станал сериозен. „За да те употребам, морам да те поткастрам“.
Бамбусот се преплашил.
Да го поткастри него, најубавото стебло во неговата градина. За миг настанала тишина. Бамбусот му прошепотил: „Господару, ако не можеш да ме употребиш без да ме поткастриш, тогаш направи го тоа што мораш да го направиш..“
Сонцето го сокрило своето лице а една пеперутка преплашена побегнала. Бамбусот треперел но со тоа ништо не било готово.

„Бамбусе, морам да направаш уште нешто. Морам да те пресечам и да го извадам твоето срце. Ако не го направам тоа, не можам да те искористам“
Бамбусот само легнал на земјата и одговорил: „Господару, сечи и подели.“

Прегледи:
728
Објавено на:
15.03.2020