Категории

Кога ќе паднеш – исправи се, исчисти ја пепелта и продолжи понатаму

Нека тоа биде твојот нов почеток и твоја нова приказна, приказна која ќе зборува дека никогаш не си се откажал и не си дозволил да бидеш поразен.

Си паднал? –Тоа е знак дека всушност си се обидел да направиш нешто во животот, си имал храброст и си превзел иницијатива да промениш нешто, си бил храбар. Тоа што си паднал не значи дека не си доволно добар и мораш да се откажеш, тоа значи дека можеш да бидеш многу подобар од тоа што мислиш. Секој греши и на никого не му успева ништо уште од првиот пат.

Учи од својот пат каде треба да внимаваш најповеќе следниот пат. Не дозволувај тоа да те обесхрабри и да изгубиш волја, чуда се случуваат баш во тој миг кога мислиш да се откажеш.

Тоа не е знак дека си губитник, тоа е знак дека сега мораш да одмориш и да собереш нова сила за да пробаш уште подобро и поцврсто.
Падот е она што најмногу го придвижува животот. Тој дава сила каква не може да ти даде нити еден залет, нити еден ветер не може да те доведе до целта како мотивацијата после неуспехот.
Знај дека кај неуспешните е секогаш премногу гужва, додека за успехот секогаш има доволно место.

Прегледи:
534
Објавено на:
08.03.2020