Бог прави чуда од нашите слабости
Некој трговец со вода секое утро заминувал на реката каде ги полнел своите две стомни и ги носел во градот да ги продава на купците. Една од тие стомни била напукната и губела прилично вода додека стигнел до одредиштето, додека другата била прилично нова и одлично му служела.
Напукнатата стомна се почувствувала помалку вредна и едно утро му рекла на својот сопственик:
„Свесна сум за мојот неуспех, јас сум наполовина празна додека да стигнеме до градот. Те молам прости ми за мојата кревкост.“
Следното утро, на патот према реката, сопствените му се обратил на напукнатата стомна:
„Погледни ја земјата покрај чешмата“
„Прекрасна е, полна со цвеќиња“, одговорила таа.
„Прекрасна е благодарение на тебе. Јас купив семе и го посеав, а ти не знаејќи секој ден го заливаше додека те оставав на неа додека чекав да се наполни другата стомна. Поради тоа не заборавај дека сите сме помалку скршени, но Бог знае како да направи чудо од нашата слабост, ако Го замолиме.“