Категории

Најтешките лекции во животот ги учиме самите, а тоа се оние кои не прават неуништливи

Никој не не научил како да се носиме со животот и затоа многу животни лекции ги научивме на потешкиот начин.

Научивме низ повреди колку треба да бидеш внимателен кога некому ја отвораш својата душа, колку е важно добро да промислиш на кого му ги откриваш најранливите страви и на кого му дозволуваш пристап во најдлабоките предели од своето срце. Преку предавство научивме дека не се сите луѓе исти и дека некогаш оние најљубезните подоцна ни забиваат нож во грбот.

Никој не не научил како да се цениме себеси, како да се однесуваме спрема своето време, колку прилики да им дадеме на луѓето и како да се заштитиме од грабливците кои само земале без да дадат ништо за возврат. Никој не не начил како да бидеме задоволни со својот живот, само не туркале во трката на натпреварот учејќи не дека повеќе вреди оној кој поседува повеќе, оној кој е поснаодлив, и оној кој не бира средства за да стигне до својата цел.

Многумина ни зборувале за бескрајната вредност на знаењето, полнејќи ни ги главите со тон информации од кои на крајот не сме знаеле што е всушност вистински важно.
Немало кој да не научи како да се носиме со тешките луѓе, маските на лицата, па сето тоа сме го научиле самите преку училиштето на животот. Само така научивме повторно да ги градиме нашите соништа од пустошот кој го оставиле зад нас, и камењата фрлени од кои научивме да го градиме нашиот темел.

Прегледи:
463
Објавено на:
12.04.2020