Категории

Животот не е еднонасочно патување – животот е авантура!

Има денови кога животот ќе ти изгледа како бајка, а има и денови кога нема никого да сакаш да видиш, и сето тоа е во ред, тоа е животот..

Немој да помислуваш дека поради таквите денови животот нема смисла. Таквите денови постојат за да го согледаш животот од поинаков агол, да обрнеш внимание на луѓето кои имаат помалку од тебе, да сфатиш колкав благослов се оние денови кога се е прекрасно и се оди онака како што посакуваш.

Не се сите денови во животот исти, постојат денови кога се живее, и денови кога само се пребројуваат сеќавањата. Некои денови се тука за да се навратиш на минатото и да погледнеш што си научил од животот. Денови кога ќе мораш да го извлечеш она најважното кое си го научил и тоа да биде твоја отскочна даска која ќе те насочи во правецот по кој мораш да продолжиш.

Има денови кога ќе изгубиш делови од себеси, кога ќе се откажеш од некои нешта. Кога ќе го напуштиш твојот сигурносен брег и ќе испловиш во непознатото, кога ќе се соочиш со потешкотии и ќе се прашаш себеси дали вредел ризикот.

Тие денови се тука за да те тестираат колки си силен и колку далеку си спремен да отидеш. Што и да се случи, и колку такви денови да има во твојот живот, немој да се откажуваш. Животот никогаш не бил еднонасочно патување, тој отсекогаш бил непредвилива авантура!

Прегледи:
1306
Објавено на:
14.04.2020