Категории

(ФОТО) Бели фармерки – Задолжително модно парче за топлата сезона

За совршен пролетно-летен стајлинг, белите фармерки ја имаат главната улога

Во модниот свет, пролетната и летната сезона се синоним за прозрачни силуети, раскошни бои и вибрантни дезени кои создаваат ефектни модни комбинации. Првите топли денови истакнаа свежи и лежерни модели во кои главната улога ја имаа модните класици кои ќе ги обожаваме и оваа година.

Помеѓу најпопуларните трендови се издвоија класични фармерки во сина и бела боја.
Пролетта и летото се идеално време во својата гардероба да додадете уште неколку модели на светли фармерки кои ќе изгледаат одлично во комбинација со летните маички и модни додатоци.

Светлите нијанси на фармерки се неизоставен дел од топлата сезона а тоа го потврдија и колекциите на модните брендови во кои најистакнати беа белите фармерки.

Прегледи:
588
Објавено на:
25.04.2020