Категории

Сите се раѓаме како луѓе – Но тежок е патот до тоа да се стане човек!

Што ќе постигнеш ако си еден од нив? Ако си само уште еден од оние кои се обидуваат да вратат на злобата со злоба, на предавството со предавство.. Ќе останеш само уште еден во толпата, и еден ден ќе изгинеш во неа, ќе бидеш заборавен, ќе те снема.  Но ако одлучиш да застанеш на спротивната страна…

Околу нас секакви луѓе од секакви подрачја. Стручњаци, онакви кои што мотивираат, охрабруваат, едуцираат. Но нешто недостига. Недостигаат онакви на чии зборови можеме безусловно да му веруваме, онакви кои нема никогаш да не изневерат, онакви чии ветувања имаат тежина, онакви кои немаат лажни маски на себе и секогаш се претставуваат со своето вистинско лице.

Недостигаат луѓе со карактер. Луѓе кои ја враќаат вербата во луѓето, покажуваат дека светот не е само црна дупка во која не постои ништо добро. Луѓе кои не гледаат на вера и националност, луѓе кои спрема другите се однесуваат со почит без оглед на тоа каков економски статус имаат, луѓе кои кај другите прво ја гледаат неговата душа а потоа неговата надворешност, такви кои секогаш се обидуваат да го пронајдат најдоброто кај другите.

Сите се раѓаме како луѓе но ретко кој успева да стане човек. Луѓето поминуваат низ секакви олуји во животот, потценувања, исмевања, завист, а ретко кој излегува од сето тоа чист и неизвалкан, со убава душа.

Ако такви луѓе не си сретнал во својата близина, можеби е време ти да станеш таков човек.
Што ќе постигнеш ако си еден од нив? Ако си само уште еден од оние кои се обидуваат да вратат на злобата со злоба, на предавството со предавство.. Ќе останеш само уште еден во толпата, и еден ден ќе изгинеш во неа, ќе бидеш заборавен, ќе те снема.
Но ако одлучиш да застанеш на спротивната страна, на страната на доброто и праведноста, ќе бидеш запаметен како еден од оние кои никој и ништо не успеало да ги извалка. Ќе бидеш запаметен како човек, а поубав епитет од тоа – нема!

Прегледи:
942
Објавено на:
25.04.2020