Категории

Во животот не постојат препреки – Тоа се само патокази до целта!

Секогаш имајте го на ум тоа дека за важните нешта во животот треба време, многу време..

Посакуваме да се случат чуда преку ноќ. Но никој нема да очекува од штотуку посеаното семе преку ноќ да изразне големо дрво, па често очекуваме од себеси или од другите преку ноќ да станеме друга личност, некоја каква претходно не сме биле. Таа преобразба не може да се случи преку ноќ, процесот на растење и созревање започнува полека и бавно и трае долго.

За важните нешта во животот треба време. И само доколку сме вистински трпеливи, храбри, доследни и одлучни, ќе можеме да ги пребродиме сите препреки и да се претвориме во она кое што сакаме да бидеме. Никоја голема цел не може да биде достигната чекорејќи по прав пат. Ќе постојат препреки, но тие нема да бидат тука за да не спречат и за да не натераат да се откажеме, туку да не направат посилни и помудри а тоа е единствениот начин на кој таа преобразба може да се постигне.

Во животот нема вистински препреки, сите тие се само предизвици кои се всушност патокази до нашата вистинска цел, а без нив не би имало нити победници нити успех.

Прегледи:
592
Објавено на:
28.04.2020