Категории

Подоброто утре им припаѓа на оние кои работат на себеси и својот успех

Таквите луѓе одлучиле да тргнат во потера по се што посакуваат од животот и нема да се смират се додека не го добијат тоа. 

Подобриот свет им припаѓа на оние кои не го познаваат изразот „не можам“. Подобриот свет им припаѓа на одлучните, трпеливите, самоуверените и истрајните. Не на оние кои имаат фантастични и беспрекорни визии но им недостига волја за да ги спроведат во дело сите тие нешта.

Поубавото утре им припаѓа на оние кои одлучиле да ги преминат границите на сопствените очекувања, кои одлучиле да се предизвикаат себеси и да ги испробаат сите нешта кои ги заплашуваат.
Само оние кои не запираат се додека не го остварат она кое што го замислиле имаат можност да уживаат во тој свет.

За нив не постојат негативни мисли. Таквите луѓе одлучиле да тргнат во потера по се што посакуваат од животот и нема да се смират се додека не го добијат тоа.
Поубавото утре им припаѓа на сите оние кои се будат со помислат дека овој ден ќе биде прекрасен и исполнет со можности кои им се дадени за да ги искористат.
Тие луѓе не се посебни, нити некои кои се раѓаат под среќна ѕвезда. Тие луѓе се сосем обични како и сите нас, но разликата е во тоа што одлучиле да претворат својата просечност во нешто неспоредливо.

Прегледи:
439
Објавено на:
19.05.2020