Холандската кралица Максима докажа дека стилот не зависи од цената на облеката
Кралицата на Холандија, Максима отсекогаш била една од најдобро стилизираните дами.
После новонастанатата ситуација на пандемијата на вирусот Covid-19, таа како и останатите припаднички на кралските семејства меѓу кои Кејт Мидлтон, кралицата Летисија и Меган Маркл, се придружи во борбата против вирусот.
Таа одлучи лично да го посети здружението за дистрибуција на храна во болниците и старечките домови и да демонстрира полна поддршка кон оние кои се бореа и продолжуваат да се борат против пандемијата. За овој настан таа избра стајлинг кој нема да го привлече вниманието со дизајнерскиот потпис и гастрономската цена, па така се одлучи за фустан од брендот H&M со пристапна цена докажувајќи дека стилот не зависи од буџетот.
Елегантниот фустан во беж нијанса со волуменозни ракави кој прилега одлично на сите дами, таа го искомбинира со каиш на половината, и чевли и ташна во иста нијанса.