Не дозволувајте сопствените стравови и сомнежи да ве спречуваат, бидете за себеси и за другите – совршено несовршени!
Уверувањето дека кога ќе успееме се да направиме беспрекорно значи дека сме успеале е погрешно. Никој не е совршен и не постојат совршени нешта. Како тогаш можеме да очекуваме од животот да добиеме совршена животна можност, совршена одлука, совршен ден или од него да очекуваме самиот да биде совршен.
Сето тоа е само тежнеење кон перфекционизам, што значи поставување нереални и недостижни цели кои не се возможни за нити едно човечко битие на овој свет. Престанете да верувате дека таму некаде постои нешто сосема идеално, дека тоа ќе се појави и ќе ви припадне вам. Постои само една реалност и вистина а тоа е да пронајдете нешто кое е сосема вообичаено и истото да го претворите во нешто идеално.
Наместо да го чекате совршениот миг, започнете од сега, искористете го токму овој миг и колку да ви се чини дека е погрешно време и направете го она за кое одамна се колебате.
Несовршенството е она кое не прави неверојатни и посебни.
Не дозволувајте сопствените стравови и сомнежи да ве спречуваат, бидете за себеси и за другите – совршено несовршени!