Кога ништо не оди според планот, запомни само едно – Откажувањето никогаш не било опција!
Сакаш да се откажеш, да ја предадеш битката уште пред да согледаш до каде си стигнал. Кога нештата не одат според планот, веројатно не одат според твојот план, но одат според вистинскиот, онака како што треба да се одвиваат.
Стравот и сомнежите нема да ти помогнат, немој да ги прегрнуваш во најтешките мигови, тие не се твои пријатели. Немој да им веруваш на нивните гласови кои ти шепотат во ноќта. Нивната дестинација секогаш води кон пропаст.
Кога се излегува од контрола, знај дека тогаш мораш да се држиш уште поцврсто за твојата верба и желба. Тоа е најголемото испитување, и доколку го поминеш знај дека успехот ќе ти припадне.
Престани да се преиспитуваш и да се двоумиш, дури и кога колената ти треперат и силата те издава, знај дека ништо не се променило, само стануваш посилен и поцврст. Се додека постои надеж, ништо не е загубено!