Категории

Подобро да започнеш доцна отколку да не започнеш никогаш

Понекогаш Бог не одговара на твоите молитви онака како што бараш од него, наместо тоа тој ти го покажува патот до нив. 

Без оглед на тоа колку години имаш, знај дека секогаш можеш да го започнеш својот живот од почеток, да станеш комплетно нова личност. Без оглед на тоа колку чекори и промени треба да направиш, секогаш вреди да се бориш за нешто во кое вистински веруваш дека може да ти донесе нешто добро.
Да се изградиш себеси повторно после толку падови, секогаш е подобро да започнеш доцна отколку да не започнеш никогаш.

Сеуште постои избор и сеуште имаш шанса да го кажеш она кое сметаш дека треба да биде слушнато, сеуште имаш глас кој може да го однесе твојот живот во друга насока.
Лесно е да бидеш заглавен во менталниот затвор и да се заробиш себеси, лесно е да ги обвинуваш околностите за стагнацијата на сопствениот живот, но знај дека секогаш постои излез. Вратата е отворена и те очекува, немој да се плашиш да излезеш од неа, немој да ссе плашиш од тоа дека можеби повторно ќе се разочараш и ли ќе страдаш.

Понекогаш Бог не одговара на твоите молитви онака како што бараш од него, наместо тоа тој ти го покажува патот до нив.
Ти покажува дека она кое го бараш не е недостижно, но можеби е потребно да поминеш низ неколку падови и разочарувања за да научиш неколку важни лекции додека ги достигнеш.

Тоа е она кое те учи многу нешта за себеси. Те учи за незавиноста, силата, трпението и слободата, а тоа се најважните нешта кои ти помагаат да преживееш во животот.
Да знаеш дека секогаш можеш да сметаш на себеси, да знаеш дека само ти можеш да се извадиш себеси од најголемата темнина. Да ја спознаеш сопствената моќ.

Прегледи:
439
Објавено на:
31.08.2020