Сите посакуваме среќа, но малкумина од нас се подготвени да направат се за ја постигнат..
Сакаш да бидеш вистински среќен?
Тогаш престани да дозволуваш најмалите нешта да го расипуваат твојот ден. Ако ти здодеала твојата секојдневна рутина, направи нешто непредвидливо.
Престани да се жалиш за тоа колку си осамен кога си опкружен со луѓе кои вистински се грижат за тебе.
Заборави ја драмата и остави ја зад себе сета горчина која ја имаш спрема некој. Престани да го трошиш времето размислувајќи за тоа што би можел да имаш, и што си можел да направиш.
Престани да ги трошиш своите денови размислувајќи колку подобри нешта би можел да имаш, престани да тагуваш по нешто кое е и ќе остане вон двојот дофат. Само живеј ги деновите како што доаѓаат. Буди се секое утро со насмевка, биди благодарен за новиот ден кој те очекува.
Превземи ризик барем еднаш. Биди среќен, го заслужуваш тоа.