Есента полека ни пристигнува но тоа не значи дека ќе мораме да се откажиме од омилените летни фустани, напротив, со благиот пад на температурите веќе можеме да ги комбинираме со омилените чизми.
Фустаните се парче кое едноставно обожаваме да го носиме во било која сезона, иако кога темпертурите се пониски тоа може да биде предизвик, секогаш постои можност како да направите тоа да функционира. Особено во лето, фустаните се главно go-to модно парче, а овој летен фаворит лесно може да се трансформира од дневен во вечерен стајлинг поради што тој е совршена униформа за топлите денови.
Иако наскоро ќе се поздравиме со летото, омилените фустани сеуште ќе бидат важен дел од секојдневните комбинации. Совршениот есенски пресврт вклучува летен фустан во комбинација со есенски чизми.