Летото ни е на повидок, а топлите температури не тераат да мислиме на плажа и вода се повеќе и повеќе. Сега е вистинското време да започнете со планирање на летниот одмор, а дел од планирањето е и наоѓање нов костим за капење. Секој хороскопски знак си има свои карактерни особини, а ова се парчињата костими за капење кои најмногу одговараат на нивниот дух.
ОВЕН
БИК
Вашиот смирен темперамент се одразува во сите аспекти од животот, тоа се гледа и во облеката. Сакате неутрални нијанси и минималистички облици и текстури, затоа овој топ без прерамки и бикини со висок струк се одлични за вас (Everything But Water).
БЛИЗНАЦИ
Вие сте неверојатно енергични и вашиот идеален летен ден е играње одбојка на плажа или сурфање, создавајќи бројни пријателства во меѓу време. Бикини со енергични, неонски бои е одлично за вас.(Triangl)
РАК
Што е подобро за вашиот страсен знак од црвено бикни? Рабовите потсетуваат на пин ап ерата на костимите за капење, а топот без прерамки е младалашки и е одличен за вас. (J.Crew)
ЛАВ
Самоуверениот лав може да носи се што ќе посака, бидејќи нели, на лавицата се и прилега. Овој секси модел е одличен за вас. (Topshop)
ДЕВИЦА
Промислената девица сака секој да ја гледа како паметна девојка. Само да знаат дека внатре се крие дива девојка која е спремна за бегање. Внатрешниот дух изразете го со овој костим со длабоко деколте и одличен дезен. (Urban Outfitters)
1 2